Автомобил изгоре на патот Крива Паланка – Куманово

Сподели со своите пријатели

Автомобил вчера се запалил во движење на регионалниот пат Крива Паланка – Куманово.

Loading...

– На 11.07.2021 година во 19.55 часот во СВР било пријавено дека во село Старо Нагоричане кај м.в. "Смилчинска кривина" на магистрален пат Крива Паланка – Куманово настанал пожар во патничко возило кое било во движење, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица -Куманово, а повредени лица нема.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply