Австријците бараат повеќе пари за војската и да се зачува неутралноста

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Австрија сакаат поголем буџет за одбрана и зголемено воено позиционирање на нивната армија на Бундешерот, покажа истражувањето на јавното мислење.

Loading...

Речиси две третини, или 61 отсто од Австријците, сакаат Бундешерот да биде повеќе фокусиран на можноста за одбрана на Австрија од воен напад.

Исто така, 50 отсто од Австријците веруваат дека Бундешерот мора да биде опремен со тешко оружје како тенкови за да може да ја одбрани земјата.

Од друга страна, против тоа се 42 отсто.

 

Колку платеници од Австрија се борат во Украина?

 

Исто така, 51 процент се на мислење дека шестмесечниот воен рок е прекраток поради зголемените предизвици.

Loading...

Освен тоа, 54 отсто сметаат дека треба да се зголеми буџетот за одбрана на неутралната Австрија.

Инаку, австриската влада веќе размислува да го зголеми буџетот за армијата на околу еден процент од БДП од 2023 година.

Тоа би значело зголемување на буџетот од сегашните 2,7 милијарди евра на околу 4,3 милијарди евра.

 

Колку платеници од Австрија се борат во Украина?

 

Годинава, според најавата, би била можна инвестиција во армијата од околу една милијарда евра.

Според истражувањето на јавното мислење нарачано од Министерството за одбрана, граѓаните на Австрија сметаат дека армијата е важна, а тоа мислење го делат 64 отсто од Австријците.

Loading...

Дури 70 отсто рекле дека веруваат во австрискиот Бундешер.

66 отсто од граѓаните ги оценуваат како позитивни настапите во медиумите на австриските армиски офицери кои ги објаснуваат актуелните конфликти во Украина.

 

Остатоци од проектил паднале врз зграда во Киев: Еден човек загина

 

И покрај војната во Украина, 55% од Австријците велат дека се чувствуваат безбедно во Австрија, но во исто време оценуваат дека безбедносната ситуација во Европа е очигледно влошена.

Кога станува збор за неутралноста, ставот на населението во Австрија е јасен – 83 отсто истакнуваат дека неутралноста треба да се зачува, а само 16 отсто би се откажале од неа.