Колку платеници од Австрија се борат во Украина?

Сподели со своите пријатели

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) го праша министерот за надворешни работи Александар Шаленберг колку австриски државјани се борат во војната во Украина.

Loading...

Тие прашаа и како австриските власти се однесуваат кон регрутирањето борци од страна на Амбасадата на Украина во Виена.

 

Остатоци од проектил паднале врз зграда во Киев: Еден човек загина

 

Пратеникот на ФПО, Кристијан Хафенекер, истакнува дека Австрија е неутрална и дека секое учество во војната во друга земја доведува до губење на австриското државјанство.

Хафенекер посочува дека регрутирањето на платеници не придонесува за завршување на војната и затоа од Министерството очекува јасен став кој одговара на неутралноста на земјата.

„Странските амбасади во Австрија мора да го почитуваат австрискиот закон“

Loading...

„Странските амбасади во Австрија мора да го почитуваат австрискиот закон. Ова вклучува забрана за регрутирање доброволци за учество во една војна“, одговори Министерството за надворешни работи.

 

Британија и пет други земји побараа седница на Советот за безбедност на ОН за Украина

 

Министерството посочува дека веднаш по сознанието за активностите на украинската амбасада, дипломатската мисија повикала да престане со регрутирање волонтери.

„Украинската амбасада веднаш го послуша тоа и ги избриша објавите од социјалните мрежи“, подвлекува Министерството.

Германски платеник, кој се наоѓал во воен камп на границата со Полска, кој неодамна бил бомбардиран, за австриското радио „Ое1“ изјавил дека таму сретнал платеник од Австрија.

Тој ја критикуваше ситуацијата во украинската армија и оцени дека шансите за преживување на странските борци се мали, поради големиот број на неискусни луѓе.

Loading...

 

Колку „тежи“ Путин? Изненадувачки податоци излегоа во јавноста!

 

Поранешен војник на германскиот Бундесвер изјави дека во неговата единица имало околу 800 до 1.000 странски борци.

Повеќето членови на таа „легија на странци“, вели, се сосема неискусни.

„Оние војници, кои се околу 20 години, делумно помлади, не знаат што ги чека. Бидејќи кампот беше уништен, беше кажано дека ќе бидат испратени на фронтот во наредните денови. Сите овие луѓе ќе загинат. Никој од нив ќе избега“ смета тој.

Истовремено, тој изрази сомнеж дека само 35 лица загинале во рускиот напад на кампот, кој порано се користел за обука на украинската армија, а сега и за странски платеници.

 

Loading...

Зеленски испрати порака до руската армија: Спуштете го оружјето

 

„Тие 35 загинати најверојатно се цивили и преостанатите украински војници. Убиени се многу повеќе странски борци. Една зграда, веднаш до мојата легија, беше погодена, а во неа имаше најмалку 100 војници, од кои никој не излезе, рече тој.

Тој вели дека дошол во Украина затоа што мисли дека се исплати да се бориш, но не и да бидеш жртвуван, што сега е случај со странските борци од целиот свет.