Австриец приведен во Куманово, ја нападнал сопругата

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен државјанин на Австрија бил приведен вчера во Куманово оти физички ја нападнал својата сопруга.

Loading...

– На 14.04.2024 во 16.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.Х.(30) од Австрија затоа што физички ја нападнал неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, К.Х. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици