Архитектонско чудо од 100 милијарди долари денес е град на духови (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Крајбрежниот град во Малезија, чија изградба чинеше 100 милијарди долари, е дизајниран да смести до еден милион луѓе, комплет со терен за голф, голем воден парк и ресторани.

Loading...

Работата на проектот започна во 2016 година, но се уште не е завршена.

Најголемиот кинески инвеститор Country Garden го претстави „Forest City“ – мегапроект вреден 100 милијарди долари во 2016 година.

Во тоа време, кинескиот пазар на недвижности беше во подем.

Инвеститорите позајмуваа огромни суми пари за изградба, и дома и во странство, за купувачите од средната класа.

Планот на Country Garden беше да изгради еколошки џиновски град во Малезија со терен за голф, воден парк, канцеларии, барови и ресторани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет навики кои ги практикуваат среќните и поврзани семејства

Компанијата соопшти дека Форест Сити ќе биде дом на речиси милион луѓе.

Осум години подоцна, работите стагнираат. Во моментов се изградени само 15 отсто од целиот проект.

Loading...

Според последните проценки, само 1 отсто од вкупната градба е населена.

Огромниот град во Малезија денес е град на духови.

Компанијата што го изгради, Ковенти Гарден, има долгови од 200 милијарди долари.

И покрај тоа, Ковенти Гарден изрази оптимизам дека планот ќе биде завршен, јавува Би-Би-Си.

Денес „Форест Сити“ изгледа како огромно напуштено одморалиште.

На напуштената плажа има излитено детско игралиште, ‘рѓосан винтиџ автомобил и, можеби, бели бетонски скали до никаде.

Во близина на водата има знаци кои ги предупредуваат луѓето да не пливаат поради крокодили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Влета со багер и ја собра пејачката: Дали е ова најлудата снимка од свадбена веселба? (ВИДЕО)

Во наменски изградениот трговски центар, многу продавници и ресторани се затворени.

Loading...

Многу барови и згради никогаш не беа завршени – останаа само празни градилишта.

„Форест сити“ беше најавен како град од соништата.

Но, во реалноста, тој беше насочен директно кон домашниот кинески пазар, нудејќи им на луѓето шанса да поседуваат втор дом во странство.

Неговите продажни цени беа недостапни за повеќето обични Малезијци.

За кинеските купувачи, имотот би бил инвестиција што може да се изнајми на локални Малезијци или да се користи како викендичка.

Во реалноста, изолираната локација на градот на обновените острови, далеку од најблискиот голем град Џохор Бахру, исто така негативно влијаеше на одлуката на потенцијалните станари да купат стан овде.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Паркинг место во Амстердам се продава за рекордни пола милион евра

 

Loading...