Арапското летало ја испрати првата фотографија од Марс (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вселенската сонда „Hope“, која беше лансирана од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) пред неколку месеци, ја испрати првата слика на Црвената планета, објави националната вселенска агенција, неколку дена откако леталото успешно влезе во својата орбита.

Loading...

На сликата се гледа „најголемиот вулкан во Сончевиот систем „Олимп Монс“, осветлен до сончевата светлина рано наутро“, се вели во соопштението, додавајќи дека сликата е направена во средата од 24.700 километри висина, еден ден откако сондата влегла во орбита на планетата.

Шеикот Мохамед бин Рашид Ал-Мактум, премиер на ОАЕ и владетел на Дубаи, ја сподели сликата во боја на Твитер.

„Првата слика на Марс снимена од првата арапска сонда во историјата на земјата“, напиша тој.

Мисијата е дизајнирана да открие непознати факти за времето на Марс, а ОАЕ исто така сака да им послужи како инспирација на младите од регионот.

 

 

Loading...

Првото од трите вселенски летала што стигнаа до Марс овој месец

Вселенското летало „Хоуп“ е првото од трите вселенски летала што стигнаа на Црвената планета овој месец откако Кина и САД започнаа свои мисии во мај.

АФП пишува дека напорот на Обединетите Арапски Емирати е темпиран така што тој се совпаѓа со прославата на 50-годишнината од обединувањето на седумте емирати.

Вселенското летало ќе кружи околу Црвената планета најмалку една марсовска година или 687 дена, користејќи три специфични инструменти за следење на атмосферата на Марс.

Емиратите имаат амбициозна вселенска програма

Пренесувањето на повеќе информации се очекува да започне во септември 2021 година, а собраните податоци ќе бидат достапни за сите научници ширум светот кои ќе ги проучуваат.

ОАЕ претходно претстави многу амбициозна вселенска програма која вклучува изградба на населба за луѓе на Марс до 2117 година.

Мисијата „Надеж“ чинеше 200 милиони долари, а тамошните научници ќе соработуваат со научните тимови на Универзитетот Болдер во Колорадо, Државниот универзитет во Аризона и Универзитетот Беркли во Калифорнија.

Loading...

Leave a Reply