Апостол Толи Зордумис – Кумановскиот херој од НОБ

Сподели со своите пријатели

Со својата прогресивна деојност пред војната Зордумис на многумина им остана во сеќавање.

За време на неговиот престој во Крушевац, во текот на 1937 година, Апостол доаѓа во допир со напредните студенти и преку нив му приоѓа на работничкото движење.

Младиот Зордумис, кој дотогаш беше наклонет кон прогресивните идеи, успева за многу кратко време да избие во редот на најактивните членови на СКОЈ.

Кога во Куманово, во текот на учебната 1936/37 година се отвори самоуправна гимназија, Зордумис се запошува во VI калс. За да може околу себе што полегално да собира младинци – средношколци, Зордумис станува иницијатор за организирање на младинското друштво „Скаут“.

Благодарение на разновидноста на работата со младината на организацијата „Скаут“, Апостол Зордумис и дава карактер на напредна младинска организација.

Како ученик во VI, VII и VIII клас на гимназијата тој пројави извонреден организаторски талент, собирајќи околу себе се што беше прогресивно меѓу учениците во кумановската гимназија.

Големата популарност на Апостол Зордумис меѓу среношколската младина му беше позната и на Македонскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Куманово. Во почетокот на 1938 година партиската организација му поставува задача, од напредните ученици, да организира скоевски групи во гимназијата.

Во текот на февруари-мај 1938 година беа оформени скоевски групи за VII, VI, V I IV клас. Беше избрано и раководство на скоевската организација, а секретар на тоа раководство стана Апостол Зордумис. Неговата работа во собирање и политичко воспитување на младината, пропагирање на прогресивните идеи и популаризирање на СКОЈ и Партијата, беше извонредна и обемна. Среде средношкослката младина тој се здобива со љубов и почит. Заради сето тоа, средношколската младина Зорудмис го сметаше за душа на организацијата, кој со личниот пример покажувашекаков треба да биде членот на СКОЈ.

Иако во пролетта 1939 година беше оболел на плуќа, Апостол не прстанува да дава директива како да се работи во скоевските групи. Неговата куќа станува собиралиште на кумановските средношколци – скоевци. Макар да беше паднал во кревет, тој не ја прекинуваше работата во СКОЈ.

Во летото 1939 година беше испратен на лекување во Словенија и есента се враќа во Куманово. Школувањето го продолжува и во 1940 година матурира.

По завршената матура Зордумис чувствува потреба за поголема политичка работа. Тој е во редовит ена работничката младина и наскоро станува многу популарен. Во градскиот парк или на некои други места, пред голема или мала група на младинци, Зордумис истапуваше со излагања на некои актуелни полиитчко, културно-просветни и други прашања.

Апостол Зордумис – Толи, младич со рета интелигенција, имаше особена дарба за раскажување и убедување. Неговата начитаност и широката култура за она време, му даваше можност со посебна лесност да ги интерпретира и објаснува прашањата за кои се интересираа неговите говорници.

Заради неговата целокпна политичка активност, Македонскиот комитет донесува одлука да биде примен за член на КПЈ. Тоа станува во летото 1940 година. Се до капитулацијата на Југолсвија, по директива на партиската организација Зордумис работи со скоевската организација во гимназијата.

При крајот на 1940 година Толи издава илегален младински лист. Уредник на листот беше тој. Листот излезе во три броја. Скоро сите стати ги напиша самиот. Листот се растураше предимно меѓу учениците.

Окупацијата на земјата Зордумис го затекнува во Куманово. Откако партиската организација ги среди своите редови, таа презеде некои поважни акции во градот. Во сите тие акции зема учество и Апостол – Толи. Кон крајот ан јуни 1941 година тој пројавува посебна активност. Тие денови непосредно по 22 јуни Панче Пешев кој во својство на член на МК за Куманово организационо беше задолжен за партиската техника, му поставува на Зордумис задача да работи со техниката.

Освен ова, тој беше задолжен секој ден да слуша радио вести и потоа да ги умножува за растурање во градот. На ваков начин членовите на КПЈ и СКОЈ и симпатизерите секојдневно имаа можност да се информираат за најважните настани, пред се, за Источниот фронт. И така секој ден полни два месеци.

Меѓутоа, партиската организација набргу почувствува потреба за издавање на орган – лист, во кој би биле третирани политички прашања и изнесувани најважните политички ставови на организацијата. Ваква потреба имаше особено по раскинувањето на кумановската партиска организација со Шарловото раководство. Така кон средината на август 1941 година доаѓа до издавање на првиот број „Дедо Иван.

Покрај другите, зачлен на редакцискиот одбор беше избран и Апостол Зордумис, кој покрај техничкото уредување на листот,, и сам пишуваше статии. Со партиската техника Зордумис работи од денот на нејзиното основање па се до почетокот на октомври истата година, односно додека работеше техниката во 1941. Година.

Бидејќи работата на партиската техника бараше голема конспиративност, тој кон оваа задача се однесуваше со исклучителна одговорност. Самиот факт што МК го задолжи Зордумис покажува олку во него се имало доверба и колку беше ценет од другарите. Треба да се каже и тоа дека тој секојдневно работеше, дури и на шетата на своето слабо здравје, поради болестта на белите дробови.

Партиската организација во Куманово со неговата работа беше сосема задоволна. Честопати со часови истануваше покрај техниката во една влажна и мрачна визба или земјосана соба, каде што се работеше на отчукување и умножување на материјалите. Ако се има предвид дека органот на МК „Дедо Иван“, односно „Партизан“ (последниот број) излегуваше на 14-16 страни четвртински формат, што на машинате ги чукаше сам, а потоа со помош на уште еден другар ги умножуваше, може да се сфати колку голема беше несебичноста и пожртвуваноста на Апостол Зордумис – Толи. Тоа беше неговиот крупен придонес кон подготовките за организирање на вооружената борба во кумановскиот крај.

На партиската техника Зодрумис работеше цели три и пол месеци, односно од крај на јуни, па се до првите денови на октомври 1941 година. Големата организаторска и пропагаторска улога што ја одигра органот на МК „Дедо Иван“, потоа разните летоци и прогласи, што од раката на Зордумис беа печатени, заслужува да се анализира со посебно внимание. Работата на партиската техника ги истакнува моралните и политичките квалитето на Апостол Зордумис – Толи и го поставува во редот на најизраснатите и најактивните ревулционери од кумановско.

Кога во почетокот на октомри 1941 година беа привршени сите подготовки за организирање на двата кумановски партизански одреди, Зодрумис – Толи, поради ослабеното здравје, не излезе во пвите групи.

По разбивањето на двата партизански одредени некој од другарите што паднаа во рацете на бугарската полиција, провалил дека некој со очила (а Зордумис постојано носеше очила) го убедувал да стапи во партизанскиот одред, бугарската полиција  се интересира за ЗОрдумис и тој, откако успеа да го избегне апсењето, минува во илегалност. Со оглед на тоа дека по националност беше Грк, а бугарската полицијат и Грците ги прогонуваше со посебна омраза, Зордумис реши да се префрли во Крушевац, каде што имаше роднини.

Префрлањето му успеа. Преку Врање и Лесковац тој, до крајот на октомври 1941 година, ја преминува окупаторската граница, се префрла во Србија и се настанува во Крушевац.

Партиската организција, која го познаваше од пред војната, го прифаќа и вклучува во работата.

Во 1942 година станува член на окружниот комитет за Крушевац. Неговата способност на агитатор и пропагатор и таму доаѓа до израз. Заради неговото здравје беше најпогоден да работи на техниката, пишува статии и летоци и др. Работи неуморно и не знаеше за доста.

Но, во една прокобна вечер во Крушевац го препознава еден љотиќевец кој избега од Куманово.  Бидејќи љотиќевецот бил вооружен, под закана на смрт тој го апси и предава на Гестапо. Со оглед на трагичниот крај, многу е јасно какви податоци на Гестапо му даде љотиќавецот.

Тој беше затворен во крушевачкиот затвор и во една убава летна вечер, со група српски патриоти беше стрелан на едно од многубројните губилишта.

Така славно заврши животот на Апостол Зордумис – Толи, кој беше многу сакан од средношколската и работничката младина во Куманово.

Споменот за него и денеска се чува во Куманово, а неговото име се изговара со длабока почит и уважување.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Пишува: Дане Цеков
Извор: „Наш весник“ број 6 (понеделник, 15 јануари 1962. година)

Leave a Reply