Анастасија и Алексеј од Куманово станаа дел од Македонската тениска федерација

Сподели со своите пријатели

Членовите на Тенискиот клуб „ТУМБА“ од Куманово Анастасија Арсовска и Алексеј Стојановски кои се дел од најдобрите во Македонија во својата генерација и ќе учествуваат како дел од Македонската тениска федерација на развојниот шампионат до 14 години и тренинг камп до 12 години кој е во организација на ITF/Tennis Europe .

Loading...

Тренинг кампот ќе се одржи во Анталија, Турција во периодот од 24 февруари до 7 март 2022 година .

Како што изјави тренерот на ТК ТУМБА од Куманово Далибор Димковски оваа претставува голем успех и искуство за нашите млади тенисери и уште една потврда дека за успех и резултати потребно е само квалитена и континуирана работа, но и услови каде ќе може да се реализира тренажниот процес и програма.

Ова треба да биде поттик и за другите талентирани деца од нашиот клуб и град за уште понапорна и мотивирана работа и уживање во тенисот.