Американците создадоа „паметен пиштол“: Може да го користи само неговиот сопственик

Сподели со своите пријатели

Американската компанија „Biofire“ создаде „паметен револвер“ кој може да го користи само неговиот сопственик.

Loading...

Пиштолот нема да пука ако со него ракува неовластено лице.

Ова оружје, смета американската компанија, е компромис помеѓу поседувањето оружје и општата безбедност.

 

 

Како што е наведено, револверот се сеќава на биометриските податоци на едно или повеќе лица и пука само ако е во нивни раце.

На тој начин никој нема да може да го украде пиштолот и да го употреби за да убие други луѓе, а нема да има никаква опасност доколку падне во рацете на децата.

Loading...

„Паметен револвер“ работи на принципот на отпечаток од прст, односно дланка и препознавање на лицето на сопственикот или повеќе сопственици.

Оружјето може да го користи само неговиот сопственик, односно најмногу пет лица (на пример, членови на домаќинството) кои можат да се регистрираат за користење биометриски податоци.

 

 

На американскиот пазар веќе се појавија првите примероци од овој пиштол, а еден модел е веќе распродаден.

Цената на основниот модел е 1.500 долари, а достапни се уште две верзии кои се поскапи и чинат 1.900, односно 2.500 долари.

Секој од овие модели овозможува уникатни приспособувања и персонализација како што се избор на боја, конфигурирање на пиштолот за лева употреба, можност за креирање прилагоден сериски број на пиштол, итн…

Loading...