Амазон го купи MGM за вртоглави 8,4 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Американската компанија за електронска трговија Амазон објави дека го купува филмското студио МГМ за 8,45 милијарди долари, со што ќе се добие голема архива на филмови и телевизиски емисии и ќе се интензивира конкурентската игра на стриминг пазарот, во кој Нетфликс и Дизни ја имаат главната улога.

Loading...

Филмската компанија „Метро Голдвин Мајер“, основана во 1924 година, која е дом на франшизата Џејмс Бонд, е сопственик на кабелскиот канал „Епикс“ и произведува популарни телевизиски емисии, вклучувајќи ги и „Фарго“, „Викингс“ и други, пренесува „Ројтерс“.

Ова е втора најголема аквизиција на Амазон од преземањето на компанијата Whole Foods Market, што ја купи во 2017 година за 13,7 милијарди долари.

Куповната цена на Амазон за МГМ претставува висока премија во однос на другите примени понуди.

Цената е приближно 37 пати повисока од проценетата добивка на МГМ пред каматата, депрецијација и амортизација (EBITDA) за 2021 година.

Ова е последниот во низата договори за преземање и спојување во медиумската индустрија во САД.

Американскиот телекомуникациски конгломерат AT&T и Discovery на 17 мај објавија дека ќе ги спојат своите медиумски компании, меѓу кои се HGTV, CNN, Food Network и HBO, потсетува британската агенција.

Leave a Reply