Алпите отсечени од светот, 10.000 туристи под снегот

Сподели со своите пријатели

Поради големи снежни врнежи скијалиштата на Алпите во Италија и Швајцарија се отсечени од светот, пренесува ВВС.

Италијанските медиуми јавуваат дека во Чевинија навеале два метри снег и дека околу 10.000 туристи таму се заглавени.

Loading...

Слична е ситуацијата и во швајцарскиот Аделбоден каде е мобилизирана војската за да се расчистат патиштата од свлечиштата.

Висок степен на опасност од снежни лавини прогласен е и во австрискиот град Тирол.