Алексеј и Ива од Куманово брилираа на тениски турнир во Скопје, пливачот Трајановски во Белград (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Извонредни резултати постигнаа младите спортисти од спортскиот клуб Тумба од Куманово кои изминатиот викенд беа дел од повеќе натпреварувања во земјава и регионот.

Loading...

 

 

Алексеј Стојановски од освои прво место на Зелениот тениски турнир во организација на ТК Мондано од Скопје, додека Ива Стефановска во својата конкуренција загуби во финалето и заврши како второпласирана кај девојчињата.

 

 

Loading...

Пливачот Никола Трајановски од имаше можност во Белград , Србија да настапи на силниот пливачки митинг „Трофеј Белград 2021″ на кој пливаа големите имиња Велимир Стјепановиќ и Чаба Силаѓи.

Трајановски го делеа стотинки од финалето на 50 и 100 метри слободно на овој исклучително силен пливачки митинг.

– Младиот кумановец после настапот во престолнината на Србија , ќе продолжи интензивно да се подготвува за државното првенство кое ќе се одржи на почетокот на месец јули, велат од клубот.

 

 

Спортскиот клуб Тумба беше домаќин на Отвореното првенство за Ветерани кое се одржа од 19 до 21 јуни на тениските терени кај Спортската Сала во Куманово.

Во конкуренција 30+ победи Панче Арсов од Т.К Неготино, додека во категорија 50- триумфираше Есад Дачиќ од Т.К МТП.

Loading...

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply