Албански државјанин приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Државјанин на Република Алабанија вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 11.03.2020 во 13.20 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола на П.К.(22) од Р.Албанија, полицискиот службеник се посомневал дека патната исправа не е на лицето кое ја приложило за пасошка контрола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, од извршениот разговор тој за себе ги дал податоците дека е К.Г.(21) од Р.Албанија, по што бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply