АктивУм објави конкурс за фотографии

Сподели со своите пријатели

Здружението за активизам, едукација, култура и уметност, Граѓански центар АктивУм Кумановo објави конкурс за фотографии кои го документираат Куманово во рамки на  проектот #Култура за Куманово#Куманово за култура.

Loading...

На конкурсот можат да учествуваат сите граѓани, љубители на фотографијата.

За најдобрите три фотографии на кои треба да биде документиран градот, старите градби, современиот живот, улиците, обичаите, културата, оценети од стручно жири, предвидени се и парични награди од 10.000, 7.000 и 3.000 денари.

За информациите за конкурсот и техничките критериуми, заинтересираните можат да најдат информации на линкот.

 „Конкурсот за фотографии од Старо и Ново Куманово“ ќе трае до 10 октомври, годинава.

Дваесетина  млади кумановци веќе и почнаа да се едуцираат теоретски и практично за творење на улични фотографии со поддршка на Фото Клуб Куманово и Центарот за култура. На двете од вкупно предвидените десет работилници тие веќе се запознаваат со основите на уличната фотографија, а преку практична работа на терен,  ги усовршуваат фотографските вештини, и ги доловуваат интересните настани и моменти во градот.  Како такви, фотографиите изработени од младите, ќе останат да сведочат за Куманово, за овој период и да бидат дел од  богатото културното наследство на овој, мултикултурен град.

– Крајна цел е да што повеќе граѓани се инспирираат да конкурираат за фото конкурсот и изложбата кои ќе следат во октомври, а кои ќе имаат за цел да го документираат и слават културното и духовно наследство на Куманово – велат од АктивУм. – Годинава славиме 500 години Куманово, и ова е мал придонес од сите нас за одбележување на се тоа што Куманово ни значи денес и низ годините.

Фото работилниците и конкурсот за избор на фотографија, АктивУм ги спроведува  во рамки на проектот #Култура за Куманово #Куманово за Култура, кој е дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD),  финансиран од ЕУ, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Дел од проекто кофинасира и Општина Куманово.

Loading...

Leave a Reply