Ако вака ги јадете вишните и црешите тие можат да бидат отровни

Сподели со своите пријатели

Доколку сте љубители на ова овошје, добрата вест за вас е што можете да уживате во него бидејќи и вишните и црешите се многу добри за крв и детоксикација. Сепак, мора да земете во предвид една работа кога ги јадете.

Loading...

Имено, не се препорачува голтање или џвакање на семката бидејќи може да го загрози вашето здравје.

Семките од цреши содржат цијаногени гликозиди. Нашето тело може да апсорбира мали количини на цијаногени соединенија, но ако претерате, може сериозно да го загрозите вашето здравје.

Многу поопасно од голтањето семка е гризењето, бидејќи на тој начин оваа соединение директно се ослободува и може да доведе до труење.

 

 

Симптомите вклучуваат главоболка, вртоглавица, нервоза и повраќање. Може да се јават и проблеми со дишењето, висок крвен притисок и забрзано чукање на срцето.

Loading...

Уште една работа е исклучително важна, а тоа е дека треба да ја земете предвид количината.

На страницата „Medical Daily“ се наведува дека идеалната доза би била чаша цреши дневно, додека поголеми количини може да предизвикаат дигестивни проблеми.