Администацијата од Куманово утре ќе се фати за метла

Сподели со своите пријатели

Вработените во јавната администрација во Куманово утре ќе се приклучат на иницијативата „Не биди ѓубре“, при што ќе чистат на пет различни локации.

Loading...

Ќе се чисти булеварот „Октомвриска револуција“, меѓу зградите зад СОУ „Перо Наков“, Градскиот парк, околу Градскиот базен, Зелениот пазар и Пречистителната станица во населбата Вера Которка.

Акцијата ќе започне во 9 часот наутро, наместо во 12 како што соопшти Владата која ја иницираше ваквата акција.

На овој начин административците ќе го одработат 2 јануари, кој беше неработен ден за сите вработени во јавната администација.

Вработените во здравството и образованието поради сензитивноста на својата работа, ќе чистат во дворните места на своите институции.

Leave a Reply