Новиот трејлер за „Fifty Shades Freed“ најавува свадба, меден месец, нов дом, борба за живот и бременост во љубовната приказна на Анастастија Стил (Дакота Џонсон) и Кристијан Греј (Џејми Дорнан).
И покрај лошите критики, објавениот трејлер за третиот дел ветува дополнителна возбуда и нетрпение во текот на целиот филм.
На самиот почеток од трејлерот е прикажан апартманот на Кристијан Греј кој ја буди Ана, но овој пат во поинакво издание. Таа е негова законска сопруга. Нивното уживање во брачните води е обострано, кариерата на Ана е во подем, но на самиот крај од трејлерот следува пресврт.
Премиерата на последното продолжение од трилогијата „Fifty Shades“ е закажана за 8 февруари.
Адреналинот, страста и стравот се кренати на највисоко ниво. Жените ширум светот со нетрпение го очекуваат моментот, а во видеото во продолжение погледнете што може да очекувате.
Loading...