Низа капитални инвестции најави кандидатот за советник Сашо Тодоровски

Сподели со своите пријатели

Граѓаните скаат да живеат во поубав град и затоа имаме план и тим за спроведување капитални и реално остварливи проекти, рече денеска на прес конференција кандидатот за советник од редовите на СДСМ, Сашо Тодоровски.

– Најавуваме стимуливање на граѓаните со проекти за фасади со енергетска ефикасност, комплетно ревитализирање на целокупното јавно осветлување со фотоволатички колектори, целосна регулација на речното корито и поврзување со пешачки патеки и простори за рекреација, обновување на старски дом „Зафир Сајто“ и обезбедување на потребни помагала за старите и изнемоштени лица, создавање на пешаќки зони во централното градско подрачје, изградба на трим патеки, отворени фитнес зони на градскиот кеј, градски парк, стандардизирање на урбаната опрема во градот и уредување и осветлување на училишните дворови, рече Тодоровски.

Тој ја побара поддршката од граѓаните на Куманово, за како што вели, заедно да создадат живот во Куманово.