Четириесет и осумгодишен кумановец вчера бил пронајден починат во стан на улицата „Доне Божинов“.
– На 22.05.2026 во 09:22 часот во СВР Куманово е пријавено дека во стан на ул.„Доне Божинов” во Куманово е пронајден починат Н.Д.(48) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција.
Никола Ивановски

