Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m 2 ), а ќе има и појава на грмежи.
Потоа следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Денеска времето ќе биде променливо облачно наместа со повремен локален дожд и со услови за појава на ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени.
Никола Ивановски

