Приведен кумановец кој со нож се заканувал на сопругата и уште едно лице

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишник од Куманово бил приведен вчера по пријава дека се заканувал со остар предмет кон две лица, од кои едното негова сопруга.

– На 06.05.2026 во 11:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(44) од Куманово затоа што во двор од куќа во Куманово се заканувал со остар предмет кон Р.М.(53) и неговата сопруга Г.М., информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20-годишник од Куманово ја натепал невенчаната сопруга

Никола Ивановски