Ѓурѓовден во Средорек низ фотографии стари 30 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вчеравечер беше отворена изложба на дијапозитиви на кумановскиот фотограф Марјан Јаневски – Шалајко, посветена на празнувањето на Ѓурѓовден во ромската населба Средорек.

 

 

Станува збор за околу 40 фотографии создадени во периодот од 1996 до 2000 година, снимени во раните утрински часови на самиот верски празник, кои за првпат беа јавно претставени пред кумановската публика.

Изложбата беше реализирана во форма на проекција на дијапозитиви на платно – техника која денес речиси и не се користи, но носи посебна документарна и уметничка вредност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Генералка викенд“ во Куманово: Повик за масовно вклучување на граѓаните

 

 

Авторот посочи дека идејата за фотографирањето се родила уште во 1995 година, кога заедно со колега Ашмет Елезовски снимале документарна емисија.

– Снимавме документарна емисија за случувањата по повод празникот во ромската населба Средорек во Куманово, така јас потоа продолжив и по 2000. година, но во дитигална техника. Така да ова е ретка прилика да можат да се презентираат на дијапозитиви со проекција на платно, рече Јаневски.

 

 

Изложбата е поддржана од Фото кино клуб „Козјак“, каде Јаневски членува од 1981 година.

Претседателот на клубот, Милош Нешковски, рече дека станува збор за специфична и несекојдневна изложба, особено за помладите генерации кои работат исклучиво со дигитална фотографија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Генералка викенд“ во Куманово: Повик за масовно вклучување на граѓаните

– Се работи за изложба на дијапозитиви создадена во ромската населба во Куманово, меѓутоа е фотографиран настна кој порано многу се славеше Ѓурѓовден. Ова е многу специфична изложба, во дијапозитиви никој веќе не работи, јас никогаш не сум работел, ние сме од дигитално време и овие настани ни се многу интересни, додаде тој.

 

 

Инаку, Шалајко веќе 44 години активно се занимава со фотографија, а најави дека следната година, по повод 45 години творештво, планира ретроспективна изложба со фотографии од неговата богата кариера – од рок концерти и политички настани, до уметничка фотографија и документарни моменти од Куманово и странство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Генералка викенд“ во Куманово: Повик за масовно вклучување на граѓаните

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски