Родителите бараат повлекување на новата концепција за основно образование (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Родителите од седум основни училишта во Куманово бараат целосно повлекување на наставните планови и програми донесени согласно новата концепција за основно образование, оценувајќи дека реформите не ги дале очекуваните резултати и дополнително ги продлабочиле проблемите во образовниот систем.

На денешната прес-конференција, Советот на родители при ООУ Крсте Мисирков информираше дека иницијативата прераснува во координативно тело составено од советите на родители од повеќе општински училишта, меѓу кои ООУ „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „Наим Фрашери“, „Вук Караџиќ“ и „Вера Которка“.

 

 

Како што истакна Сања Велковски, причините за ваквото барање се пренатрупаните наставни програми, лошите услови во училиштата, учебниците кои доцнат и содржат грешки, како и падот на знаењето кај учениците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ поскапување на горивата

„Бараме да се излезе на терен, да се види реалната состојба во училиштата, да се види каква е состојбата, да се види дали има потреба од кабинети нови, да се направи скратување на програмата и да се направи соодветно на возраста на децата, тоа е привчното барање, за да понатаму може сите други да се реализираат“, изјави Велковски.

 

 

Таа додаде дека родителите добиле формални одговори од Министерство за образование и наука и Биро за развој на образованието, без суштински осврт на нивните барања.

„Одговорите што ги добивме од институциите се површински без никакви детални објаснувања, дури ни објаснувања кои се во надлежност на нашите барања“, рече Велковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гимназијата „Гоце Делчев“ одбележа 80 години постоење (ГАЛЕРИЈА)

Во однос на самите реформи, Александра Трајковска посочи дека голем дел од наставните програми се преземени од европски модели кои, според неа, не одговараат на домашните услови.

„Најчесто се базирани на европски стандарди, ние немаме услови за такви стандарди и воедно од сите поранешни европски наставни програми што веќе не се користат во Европа, доаѓаат кај нас, тоа не е добро. Ако веќе сакаме да земеме некој новитет некој да гледаме од источниот дел од јапонија и кина, веќе тоа е нешто“, изјави Трајковска.

 

 

Родителите порачаа дека нема да запрат со иницијативата и дека ќе продолжат да бараат промени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски оддаде почит на гробот на Гоце Делчев (ФОТО)

„Ние нема да запреме, продолжуваме нема да молчиме и се надеваме дека ќе бидеме слушнати од институциите засеганати со оваа проблематика“, порача Велковски.

Никола Ивановски