Најмалку две лица загинаа во напад со руски беспилотни летала врз градот Запорожје, изјави денес украински официјален претставник, пред очекуваните разговори меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Украина.
Регионалниот официјален претставник на Запорожје, Иван Федоров, изјави дека еден маж и една жена се убиени, а дека две деца се ранети.
Руско беспилотно летало, рече тој, утрово погодило приватна куќа.
Нападот се случил пред очекуваните разговори меѓу САД и Украина, за кои украинските државни медиуми објавија дека ќе се одржат подоцна во текот на денот во Мајами.

