Ким на тестирање на борбени дронови, повика на развој на вештачка интелигенција (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствуваше на тестирањето на борбени дронови и охрабри истражување за употреба на вештачка интелигенција за воени цели, објави денес државната новинска агенција КЦНА.

 

 

Експертите проценуваат дека ваквиот развој на севернокорејскиот арсенал несомнено е поврзан со воената соработка со Русија, обележана со испраќање севернокорејски војници да се борат заедно со руските сили во војната против Украина.

 

 

Според фотографиите објавени од официјалната новинска агенција КЦНА, голем дрон полетува, а потоа ја уништува целта.

Тестот „јасно ја покажа извонредната борбена ефикасност на тактичките борбени беспилотни летала на Пјонгјанг“, додаде агенцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Венецуела и Русија го продлабочуваат партнерството

 

 

За Ким Џонг Ун, овие летала претставуваат висок приоритет и најважна задача во модернизацијата на севернокорејската армија.

 

 

Севернокорејскиот лидер, исто така, повика на брз развој на неодамна воведената технологија за вештачка интелигенција и проширување и зајакнување на капацитетот за масовно производство на беспилотни летала, додаде КЦНА.

 

 

Државните медиуми го објавија развојот на борбени беспилотни летала минатата година.