Вработена во кумановската болница се заканувала на свој колега

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишник вработен во кумановската болница, пријавил дека негова колешка му упатувала закани по телефон.

Loading...

– На 25.08.2025 во 17.00 часот во СВР Куманово, В.С.(42) од Куманово, вработен во Општа болница Куманово, пријавил дека по претходна расправија, неговата колешка А.М.С. од Куманово му упатила заканувачки пораки на телефон, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со метален предмет оштетил повеќе паркирани возила