Се поставуваат нови 150 контејнери низ Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во кординација помеѓу Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и проектниот тим од проектот „Одржливи еколошки и здравствени придобивки од прекугранична област”, започна поставување на 150 пластични во Куманово.

Loading...

Како што информираат надлежните, контејнерите се набавени во рамки на дел од проектот финансиран од ЕУ со учество на Општина Куманово.

– Се поставуваат на повеќе локации во централно градско подрачје, особено на оние места каде садовите за смет се оштетени. Ги замолуваме граѓаните да не фрлаат запаливи средства, бидејќи контејнерите се оштетени и апелираме правилно да се складира отпадот – изјави Цветанка Ивановска, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

Инаку, во идниот период, контејнерите ке бидат поставени на следниве локации:

– Детски градинки -12 контејнери

– Основни и средни училишта – 34

– Бензински пумпи – 15 контејнери

– Бул, Октомвриска Револуција -25 контејнери

Loading...

– Бул, 3МУБ -15 контејнери

– Ул. 11 Октомври – 15 контејнери

– Ул. Народна Револуција – 10 контејнери

– Ул. Гоце Делчев – 10 контејнери

– Ул. 11 Ноември – 5 контејнери

– Ул Тоде Думба – 9 контејнери

Никола Ивановски

Leave a Reply