Американците предупредуваат: Не патувајте во Шпанија и Португалија

Сподели со своите пријатели

Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и Стејт департментот предупредија дека не треба да се патува во Шпанија, Португалија, Кипар и Киргистан заради зголемениот број на инфекции со коронавирус во тие земји.

Loading...

ЦДЦ го зголеми ризикот за патување на ниво четири (многу високо) за овие земји и им препорачува на Американците да избегнуваат патувања, додека Стејт департментот препорачува да не патуваат во тие земји.

Шпанија во јуни повторно ги отвори своите граници за американските туристи и оттогаш е популарна дестинација за американските туристи.

ЦДЦ, исто така, ги подигна препораките за патување до Куба на четврто ниво, додека Стејт департментот препорача да не се патува таму.

Центрите за контрола и превенција на болести се загрижени и за зголемениот број на лица заразени во Израел, Западниот брег и Газа, а Стејт департментот им препорачува на потенцијалните патници да ги преиспитаат патувањата во Израел.

ЦДЦ и Стејт Департментот и Ерменија се издигнати на трето ниво, што значи дека невакцинираните патници треба да избегнуваат патување во таа земја доколку тоа не е потребно.

Во јуни, ЦДЦ ги релаксираше препораките за патување за повеќе од 110 земји, со ревидирање на својата методологија за проценка на ризикот од коронавирус. Но, како што се зголемува бројот на заболени, ЦДЦ издава нови предупредувања и ги советуваше патниците минатата недела да не патуваат во Велика Британија.

Leave a Reply