Жена од Индија која тврди дека има 73 години по пат на царски рез роди близнаци, потврдија лекарите кои оцениле дека станува збор „медицинско чудо и достигнување на модерната медицина“.
Ерамати Мангајама забременила со вонтелесно оплодување, бидејќи по 57 години брак со сега-80-годишниот Ситарам Раџара, таа не можела да биде бремена.
Тим од 10 лекари се грижел за бременоста и породувањето на Индијката, која според официјалните документи е родена на 1 јули 1946 година и во моментов е најстарата родилка во светот.
„Тоа е медицинско чудо и достигнување на модерната медицина. Исто така, ин-витро концепцијата (ИВФ) не зависи само од науката, важна е и милоста на Бога“, рече главниот медицински директор Умашанкар Санакајала.
Тој додава дека мајката и бебињата се добри.
„Јас сум многу среќен. Бог ги слушна нашите молитви“, рекла 73-годишната мајка.
Според локалните медиуми, таа се решила на вонтелесно оплодување откако нејзината сосетка се породила на 55-годишна возраст.