Како да спречите топлотен удар кај вашето куче?

Сподели со своите пријатели

Високите надворешни температури не им пречат само на луѓето, туку и на животните. Затоа треба да мислиме и на нив, да им оставаме сад со вода за да можат да се хидрираат.

Loading...

Забразаното дишење со јазикот испружен до подот е прв знак дека вашиот миленик нешто се пререал. Во тој случај веднаш тргнете го од сонцето. Не форсирајте игри до изнемоштување.

Симптомите на топлотен удар се покачена температура, забрзано дишње, општа слабост, повраќање и крвава столица.

Во текот на деновите неколку пати сменете ја водата во садот, а ако сте во можност, и тие сакаат, искапете ги.

Како да се грижите за кучето при топло време?

– Водата не смее да биде студена за да кучето не доживее шок.

– Ако дојде до топлотен удар, кучето или мачката разладете ги со масирање на подрачјата околу главата, нозете и стомакот и тоа со мраз замотан во пешкир. Ако не успеете да ги смирите симптомите на топлотен удар така, одете на ветеринар.

– Соларниот дерматитис е воспаление на кожата до кое доаѓа поради изложување на миленикот на сонце, особено делови од телото кои се послабо заштитени со влакна. Животните со светла боја се позагрозени од оние со темна боја. Почетниот симптом на кожата е црвенилото, а ако солерниот дерматититс не се лекува може да доведе до опаѓање на влакната и создавање красти.

Loading...

– Можна е и појава на карцином на кожа. Сето наведено може да го спречите ако миленикот не го изложите на сонце. Ако баш морате, кучињата премачкајте ја со крема за сончање која се користи за деца.

Leave a Reply