85 кумановци исклучени од сообраќај изминатата недела

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (30.09-07.10.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 32 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 85 возачи, информираат од кумановската полиција.

Loading...

Од исклучените од сообраќај, вкупно 46 возачи управувале под дејство на алохол и 39 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Од сообраќај се исклучени 25 возила бидејќи биле нерегистрирани и три технички неисправни.

Санкционирани се 18 поради некористење сигурносен појас, 24 поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило, четири возачи поради непрописно престројување и едно возило поради претовар.

Во текот на изминатата недела издадени се 392 мандантни платни налози, 139 прекршочни платни налози и 64 возила се подигнати со специјално возило „пајак“, стои во неделниот извештај на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Leave a Reply