84 казни вчера во Куманово за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Вкупно 84 лица биле казнети на подрачјето на Општина Куманово во текот на изминатото деноноќие поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (08.03/09.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 151 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози најголем дел се во Куманово 99, во Крива Паланка 57 и во Кратово 10.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply