81 лице држани во заложништво во Ваксинце

Сподели со своите пријатели

По дојава дека се држат луѓе во заложништво, полицијата од СВР Куманово рано утрово извршила акција во село Ваксинце, каде пронашле и ослободиле 81 лице, за кои се претпоставува дека се мигранти, потврдуваат од СВР Куманово.

Loading...

Луѓето, според неофицијални информации биле држани во заробеништво во помошен објект во семејна куќа во Ваксинце,каде ги пронашла полицијата.

– Утрово  околу 05.15 часот бил приведен Н.А. од село Ваксинце, општина Липково, поради тоа што при претрес во неговата куќа во село Ваксинце, извршен врз основа на судска наредба, во помошен објект полициски службеници пронашле 81 лице – мигранти (62 возрасни и 19 малолетни лица) од земјите од Блискиот Исток, информираат кратко од полицијата.

Сопственикот на куќата е приведен, а мигрантите ослободени и префрлени во прифатен центар.

Истрагата е во тек.

Leave a Reply