79 лица го прекршиле полицискиот час ноќва

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (10/11.04.), по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 79 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Loading...

Исто така, според статистичките податоци на 97 лица им се издадени решенија за изолација, а 423 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

Никола Ивановски

Leave a Reply