78 хоспитализирани пациенти во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

78 хоспитализирани пациенти во кумановската болница

Loading...

Вкупно 78 пациенти позитивни на коронавирусот се хоспитализирани во Општа болница Куманово, информираат денеска надлежните.

Според податоците од болницата на Инфективното одделение хоспитализирани се 22 лица, од кои 20 на кислородна поддршка. Во дневната болница по терапија доаѓаат дополнителни 26 лица. Од сите нив 12 лица се вакцинирани.

Во модуларната Ковид болница хоспитализирани се 56 лица, додека дополнителни 26 доаѓаат по терапија во дневната болница. Од сите нив вакцинирани се 23 лица.

Слободни во овој момент се уште 10 места во модуларната болница.

Во текот на вчерашниот ден биле извршени вкупно 100 прегледи.

Никола Ивановски