73-годишен кумановец последна жртва на измамата со огревни дрва

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и тригодишен кумановец е најновата жртва на измамата со огревни дрва. Како и во претходните случаи, му било понудено огревно дрво, ги платил, но никогаш не ги видел.

Loading...

– На 14.02.2022 година во 13.15 часот во СВР Куманово 73- годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.000 денари. Според пријавеното, откако лицето му понудило огревно дрво и тој му ги дал парите, се упатиле на местото каде наводно биле складирани дрвата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, како што стои во пријавата, лицето му кажало дека ќе се врати, откако ќе провери до каде е камионот за транспорт на дрва, но не се вратило.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Никола Ивановски