7 навидум непотребни работи кои ги фрлате, а можете да заработите од нив

Сподели со своите пријатели

Можеби не баш буквално, но следниот пат пред да фрлите некоја навидум непотребна работа, како што е празна кутија или стара играчка, размислете дали можете да заработите од неа.

Loading...

Луѓето во светот заработуваат од следните 7 навидум непотребни работи:

1. Празни кутии

Некои луѓе се подготвени да платат мало богатство за работа која за вас е сосема непотребна. Искористете го тоа. Тоа се обично колекционери на кои кутиите им се потребни за чување важни предмети кои ги собираат.

Исто така, празните кутии од „Ајфон“ можат да достигнат цена и до 10 долари, во зависност од моделот.

2. Стари принтови

Сите ретро постери, карти и други печатени материјали можат да достигнат вртоглаво висока цена ако се ретки и уникатни.

3. Храна со ретки вкусови

Loading...

Можно е да заработите и од храната со ретки вкусови која се продава на локално ниво, а во светот ја нема. Истото важи и за козметички производи од лимитирани серии.

4. Картони од тоалет хартија и пастика од Киндер јајца

Пакување од 100 картони од тоалет хартија на „и-беј“ чини 15 долари, додека 50 пластични кутии од Киндер јајцињата се продаваат за 4 долари.

5. Ретро парфеми и козметика

Винтиџ Шанел или некој друг ретро парфем можат да ви донесат доста пари, па дури и ако шишето е празно.

6. Кутија со ситници

Постојат интернет аукции на кои се бараат кутии полни со ситници, затоа што има луѓе кои веруваат дека она што за вас е ѓубре, за некого може да значи богатство. Пример, кутија со слики е продадена на аукција за 22 долари.

7. Ретро играчки

Loading...

Колекционерите се подготвени да платат доста пари само во својата колекција да вклучат играчка која ретко кој ја сочувал дома. Старите играчки кои имате намера да ги фрлите, можат да ви донесат и преку 200 долари заработка.

Leave a Reply