45-годишен Албанец приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 15.30 часот на Граничен премин Табановце, со комби со албанска национална ознака допатувал H.A. (45) од Република Албанија. При пасошка контрола полициските службеници констатирале дека во исправата има вметнато страна која отстапува од оригиналот, односно дека патната исправа била фалсификувана.

Како што информираат од полицијата, лицето било приведено и во 16.15 часот било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply