43 кумановци вчера добиле казна за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Четириесет и три казни вчера напишала полицијата на граѓани на Куманово поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (01.02/02.02.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 70 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издаде прекршочни налози, најмногу се во Куманово 43, во Крива Паланка 12 и во Кратово 15.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply