38 казни за пребрзо возење утринава на територијата на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и девет лица биле казнети во текот на денешното утро на териториите на Секторите за внатрешни работи Куманово и Штип, поради возење со брзина над дозволеното.

Loading...

– Денеска (30.06.) во периодот од 07 до 11 часот на подрачјето на СВР Куманово и СВР Штип спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 79 возачи, од кои 41 на територија на СВР Штип, а 38 на територија на СВР Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Засилените сообраќајни контроли, велат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на полицијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply