33 кинески авиони и седум бродови забележани во близина на Тајван

Сподели со своите пријатели

Во последните 24 часа Тајван забележал 33 кинески воени авиони и седум бродови во непосредна близина, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана.

Loading...

Два кинески балони беа забележани и на небото над Тајванскиот теснец.

13 авиони ја поминале неофицијалната демаркациона линија меѓу Кина и Тајван.

Тајванските власти известуваат за речиси секојдневни упади на кинески воени авиони и бродови.

Кина го смета Тајван за своја територија.