30 ученици и девет наставници позитивни во Куманово од почетокот на учебната година

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на учебната година заклучно денеска на ниво на Општина Куманово регистрирани се девет наставници позитивни на ковид 19, како и 30 ученици.

Loading...

Како што информираше денеска Александар Јовановиќ раководител на Секторот за образование при општина Куманово, нема ширење на вирусот во училиштата, туку сите се заоблени најчесто од членови на нивните семејства.

Како што рече тој, во овој момент има ученици и меѓу основците и средношколците, но тие не се исклучени од настава туку се преминати на учење од далечина.

– Има во моментов во изоалција и се преминати на оналјн настава согласно протоколите. Тоа го решава индивидувално училиштето со Центарот за јавно здравје, не се исклучуваат од наставата продолжуваат оналјн. Најчесто што сме известени дека имаат инфициран член на семејство и ученикот е повлечен да не оди на настава, за него се организира онлајн настава и сега за сега сме навремено иформирани и училиштата ги преземаат најважните чекори, изјави Јовановиќ.

Јовановиќ повика на целосно почитување на протоколите за заштита и од учениците, наставниците, но и родителите, бидејќи мало невнимание може да одведе во изолација цели одделенија.

– Би упатил апел до учениците, родители и вработените, сите заедно колективно да ги почитуваме здравствените протоколи и да се однесуваме одговорно бидејќи едно мало невнимание може да одведе во изолација цела паралелка, рече тој.

Во Куманово настава посетуваат околу 14.800 ученици, а во 21 училиште вработени се над 1.700 лица.

Никола Ивановски

Loading...