29 возачи во Куманово вчера казнети за непрописно престигнување

Сподели со своите пријатели

Вкупно 29 возачи биле казнети вчера во Куманово поради непрописно престигнување, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

– Во текот на вчерашниот ден (23.10.2023) во периодот од 14.00 до 19.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 183 возачи, велат од МВР.

Од нив, 62 на територијата на СВР Тетово, 31 на територија на СВР Охрид, 29 на територија на СВР Куманово…

– За време на контролата санкционирани се и 271 други видови на прекршоци, стои во соопштението.

Никола Ивановски