27-годишник ограбил приватен имот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека ограбил приватен имот во Куманово и украл повеќе предмети.

Loading...

– На 12.04.2023 во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Р.(27) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека во текот на денот од приватен имот на улицата „Народна револуција“ одзел повеќе предмети. Р.Р. бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, велат од полицијата.

Никола Ивановски