242 лица во изолација во Куманово, се контролираат од полицијата

Сподели со своите пријатели

Вкупно 242 лица во Куманово се во изолација, дел од нив позитивни на вирусот, дел поради контакт со позитивно лице.

Loading...

– На подрачјето  на Куманово  според евиденциите на СВР Куманово во изолација се вкупно 242 лица од кои 209 се позитивни, а 33 се контакти, информираат од кумановската полиција.

Во Општина Липково во изолација се вкупно 68 лица од кои 60 се позитивни, а 8 контакти и во Старо Нагоричане се евидентирани 2 позитивни лица.

Сите лица редовно се контролираат од страна на СВР Куманово, додаваат од полицијата.

Никола Ивановски