24-годишна кумановка тешко повредена, откако возило удрило во неа

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишна кумановка е тешко повредена откако во неа удрил сограѓанин со автомобил „поло“.

Loading...

– На 10.12.2020 во 07.15 часот во Куманово на крстосницата од улиците „Доне Божинов“, „Тодор Велков“ и „Ленинова“, патничко возило „поло“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(53) од Куманово, удрило во пешакот С.М.(24) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата, С.М. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде ù биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на незгодата.

Никола Ивановски

Leave a Reply