22-годишник од Куманово приведен со марихуана

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишник од Куманово ноќева бил уапсен откако полицијата му пронашла марихуана.

Loading...

– На 28.09.2021 година во 03.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.Б.(22) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски