207 лица починале од мали сипаници во Кумановската околија во 1961 година

Сподели со своите пријатели

Вкупно 207 лица, од кои 55 деца, починале како резултат на компликации на малите сипаници (китки) во декември 1961 година во Кумановската околија, која во тој период имала девет општини Клечовце, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Липково, Орашац, Ранковце, Старо Нагоричане и Табановце.

Во Кумановската општина биле забелажни 22 смртни случаи, од кои осум во Романовце. Липковската општина имала 20 случаи, пишува др. Д. Караџински во „Наш весник“ во 1962 година.

Статистиката покажува дека умреле 26 деца родени во 1961 година и дека тоа се деца на непросветени градски и селски фамилии. Умрените деца се на млади мајки, неоптини и непросветени за да се борат со болеста, заклучува Караџински.

Опасноста од болеста постоела и во јануари 1962 година, па Караџински препорачува во борбата да се прошири епидемијата да се вклучат експерти, сите општествено-политички организации, интермедијарниот центар за здравствена заштита на мајки и деца и други фактори.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 6 (понеделник, 15 јануари 1962. година)

Leave a Reply