19-годишници од Куманово тешко повредени при судир на „априлија“ и „голф“

Сподели со своите пријатели

Двајца деветнаесетгодишници од Куманово биле тешко повредени при судир на „априлија“ и „голф“ викендов.

Loading...

– На 07.04.2024 во 15.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(19) од Куманово и патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.З.(22) од село Слупчане, општина Липково, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот сопатник Х.Љ.(19) од Куманово, констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Едно лице тешко повредено во верижен судир во кумановско

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски