185 лица загинаа во Судан, Г7 повика на прекин на огнот

Сподели со своите пријатели

Врвни дипломати од целиот свет се обидуваат да посредуваат за прекин на огнот во Судан, а Советот за безбедност треба да расправа за кризата откако, според ОН, најмалку 185 луѓе се убиени, а 1.800 се ранети од почетокот на конфликтот.

Loading...

Во Судан беснеат вооружени судири меѓу воените единици лојални на генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, шеф на привремениот владејачки суверен совет на Судан, и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагало, познат како Хемедти, кој исто така е заменик-претседателот на советот.

САД, ОН и други повикаа на прекин на огнот. Египет, кој ја поддржува армијата на Судан, и Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои воспоставија блиски врски со РСФ откако испрати илјадници борци да ја поддржат нивната војна во Јемен, исто така ги повикаа двете страни да се повлечат.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој присуствува на состанокот на Групата седум во Јапонија, телефонски разговарал со Бурхан и Дугал одделно и ја истакнал итноста за постигнување примирје, соопшти Стејт департментот.

Во денешната заедничка изјава, министрите за надворешни работи на Г-7 ги осудија борбите.

– Ги повикуваме страните веднаш да ги прекинат непријателствата без услови, се вели во соопштението, со повик за почеток на преговори и намалување на тензиите.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси во понеделникот изјави дека Каиро е во „постојан контакт“ и со армијата и со РСФ, барајќи од нив да престанат со борбите и да се вратат на преговорите.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на Твитер напиша дека амбасадорот на ЕУ во Судан бил нападнат во сопствената резиденција, не наведувајќи повеќе детали.

Loading...

Меѓународната хуманитарна организација Save the Children објави дека привремено ги прекинала повеќето активности низ Судан.

Се вели дека разбојници упаднале во нејзините канцеларии во Дарфур, при што украле медицински материјали, лаптопи, возила и фрижидер.

Светската програма за храна (WFP) ја прекина работата во текот на викендот, откако тројца членови на персоналот беа убиени во Дарфур, а Меѓународниот комитет за спас (IRC), исто така, ги запре повеќето од своите операции.

Откако САД, Европската унија, африканските и арапските држави повикаа на прекин на борбите, Советот за безбедност на ОН треба да расправа за случувањата во Судан.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш најави дека се консултира со Арапската лига, Африканската унија и лидерите во регионот, повикувајќи ги сите оние кои имаат влијание да застанат во одбрана на мирот.

Завојуваните страни користат тенкови, артилерија и друго тешко оружје во густо населените области.

Борбени авиони летаат над градовите, а противвоздушната одбрана реагира.

Бројот на загинати може да биде многу поголем бидејќи има многу тела на улиците, особено околу централниот дел на Картум, до кој никој не може да стигне поради конфликтот, наведува Асошиејтед прес.

Loading...